НАЈГЛЕДАНИОТ МАКЕДОНСКИ ФИЛМ СЕ ВРАЌА ВО КИНО САЛИТЕ

Те Дуа, Жими Мене ја имаше својата премиера минатата година и беше прогласен за најгледан македонски филм од отварањето на Cineplexx, како и еден од најгледаните филмови за 2023 година воопшто. Од први Април, Те Дуа, Жими Мене се враќа на репертоарот во Cineplexx, па публиката ќе има можност повторно да го погледне ова успешно филмско остварување.

Станува збор за комедија, а приказната следи квази фраер, коцкар и армоникаш, кои трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија, стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.


Во филмот се појавуваат низа истакнати актерски имиња, како Игор Џамбазов, Тони Михајловски, Владо Јовановски, Сенко Велинов, Мими Таневска, а главните ликови ги играат Никола Кузелов, Атанас Атанасовски, Валентин Видовиќ и Ангела Стојановска.

Екипата на филмот најави дека деновиве се подготвуваат за продолжението на филмот под наслов Мангава 2 кој публиката би можела да го очекува наскоро.
Те дуа, жими мене, на затворањето на „Tirana European Youth Film Festival 2023“, се закити со престижната награда од публика. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од девет филмови во официјалната интернационална програма.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …