ПРЕЛЕЖАЛЕ КОРОНА А СЕГА ИМААТ НОВ ПРОБЛЕМ: Германските пациенти и’ по излегување од болница продолжиле со лекување!

Медицинските трошоци на германските пациенти кои биле хоспитализирани со ковид-19 се зголемиле во просек за 50 проценти повеќе од вообичаеното откако биле отпуштени од болницата, покажаа податоците на големата осигурителна компанија ДКВ, што е знак дека дури и оние што се опоравиле, се борат да го вратат целосното здравје.
Студија на второто по големина германско здравствено осигурување ДКВ ги разгледала податоците за 5.735 пациенти со ковид-19, од кои 605 се хоспитализирани, а 49 починати.
„Нашата проценка покажува дека пациентите кои повеќе не се заразени се далеку од здрави“, изјавил извршниот директор на ДКВ Клеменс Мит.
Вирусот корона се покажал како особено опасен за луѓето со срцеви заболувања, висок крвен притисок или респираторни заболувања, покажала студијата.
Сепак, 15 проценти од пациентите на кои не им биле дијагностицирани никакви хронични заболувања во претходните две години, исто така, морале да се лекуваат во болниците.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …