(ВИДЕО) НАУЧНИ ТВРДЕЊА – ОВОЈ КОРОНА ВИРУС Е 10 ПАТИ ПООПАСЕН ОД ОНОЈ ОД ВУХАН: Низ Европа владее моќна мутација но има и олеснителна околност!

Иако е до десет пати поинфективен од кинескиот вид на коронавирус, мутацијата D614G остава доволно простор на антителата да реагираат на јадрото на самиот вирус, што го прави помалку опасен за луѓето.
D614G е еден од најновите, но исто така и најраспространетите видови на новиот коронавирус. Тестирајќи на заморчиња, научниците од американските универзитети во Северна Каролина и Висконсин-Медисон откриле дека тој се размножува побрзо и се шири полесно од оригиналниот кинески сој SARS-CoV-2. Всушност, тој е десет пати посилен поради мутацијата на шилестиот протеин што влегува во човечките клетки.
Но, од друга страна, D614G не предизвикува посериозни болести и е почувствителен на лекови, па дури и на терапии со антитела. Во експериментот со заморчиња, D614G и кинескиот вид коронавирус биле тестирани за да се утврди сериозноста на симптомите и инфективноста на секој од нив. Здравите заморчиња биле сместени во одделни кафези покрај оние со заразени лица, но сите кафези биле поврзани со заедничко снабдување со воздух.


Во такви услови резултатите биле јасни по само два дена, пишува РТ. Во тој период, здравите заморчиња не биле заразени со кинескиот вид, додека D614G инфицирал шест од осумте здрави заморчиња во истиот период.
Толку висока инфективност на овој мутиран вид може да биде неговата најслаба алка. Имено, мала „пукнатина“ на шилестиот протеин, што ја зголемува неговата инфективност, го остава јадрото на вирусот изложено на надворешни влијанија, што го прави лесна мета на антитела, особено на оние што се наоѓаат во вакцините.
Сепак, проблемот е во тоа што досега се регистрирани повеќе од 200 мутации на новиот коронавирус, а секоја од нив бара дополнителни медицински истражувања со цел да се открие неговото потекло, а потоа и последиците и начините на контрола.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …