Правилото „2-2-2“ може да ви помогне да ја ЗАЧУВАТЕ ВАШАТА ВРСКА ИЛИ БРАК: Едноставен метод што ќе го зајакне вашиот однос

Секоја врска треба да се одржува, без разлика колку долго сте со некого
Долгите врски и бракот често доведуваат до презаситеност, па партнерите стануваат помалку толерантни и наклонети еден кон друг. Затоа, од време на време, треба да излезете од вашата комфорна зона и рутина.
Љубовта мора да се одржува за да трае. Понекогаш се случува партнерите брзо да се откажат од врската и бракот. Затоа, доколку сте западнале во монотонија, можете да го испробате правилото „2-2-2“. Тоа значи дека на две недели правите нешто само за вас двајца. Ова е особено важно ако сте во брак и зафатени со обврски.
Одложете ги сите обврски за кратко и посветете време на саканата личност. Исто така, ова правило подразбира на две години да одите на одмор без деца, домашни миленици или пријатели. Изберете дестинација на која не сте биле и посетете го тоа место сами со вашата сакана личност.
Обидете се да поминувате време заедно не зборувајќи за проблемите и правејќи го она што ве радува и ве прави среќни.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Холестеролот не скока од сланината и јајцата, туку од овие 2 работи што секој ги консумира редовно: ГО УНИШТУВААТ ЦРНИОТ ДРОБ и таложат масти

Холестеролот и замастен црн дроб се вообичаени здравствени проблеми денес. Сепак, колку и да зборуваме …