Постар пар станал познат за време на пандемијата – Љубов во време на корона: Секој ден се состануваат на затворена граница

Во некои земји, потписници на Шенгенскиот договор, ова е прв пат во последните 25 години „повторно да се појават границите меѓу државите“
Инга Расмусен (85) е од Данска, а Карстен Тухсен (89) е од Германија
Една постара двојка стана позната за време на пандемијата на коронавирус, откако најде начин да се надмине карантинот, но сепак да ги следи правилата и упатствата на професијата.
Поточно, Инга Расмусен (85) е од Данска, а Карстен Тухсен (89) е од Германија, секој ден имаат романтични состаноци во близина на Авентофт. Тие седат еден спроти друг, но на доволно растојание, од секоја страна на рампата.
Германско-данската граница е затворена пред две недели токму заради избувнување на пандемијата. Во Германија се заразени повеќе од 70.000 луѓе, додека во Данска 2.500.
Во некои земји, потписници на Шенгенскиот договор, ова е прв пат во последните 25 години „повторно да се појават границите меѓу државите“.


På dagens cykeltur lagde jeg vejen forbi Møllehus grænse. Her mødte jeg disse to dejlige mennesker. Hun, 85 år og bor i…

Gepostet von Henrik Frandsen am Mittwoch, 25. März 2020


„Тажно е, но не можеме тоа да го промениме“, рекла г-ѓа Расмусен за Deutsche Welle.
И таа и нејзиниот пријател Г-дин Тухсен станаа познати во нивната област, откако на состанокот биле видени од градоначалникот на градот Тондер додека се движел со велосипед.
Двојката се запознала пред две години и минатата година ја поминале скоро секој ден заедно. Г-ѓа Расмусен доаѓа со автомобил од нејзиниот град Галехус до границата, а г-дин Тухсен со мотор од неговиот Судерлугум.
Тој понекогаш на состанокот пие малку ракија, додека госпоѓата,дамски, седи само со кафе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …