После тешка повреда во сообраќајна несреќа починал актерот од популарната серија „Магнум“

Актерот Роџер Е. Мозли почина на 83-годишна возраст
Актерот Роџер Е. Мозли, најпознат по улогата на пилотот Теодор ТЦ Калвин во серијата „Магнум“, почина во неделата. Имал 83. години, а веста за неговата смрт ја потврдила неговата ќерка.
Починал опкружен со семејството откако бил повреден во сообраќајна несреќа минатата недела во која останал парализиран и во критична состојба.


-Никогаш не би можеле да жалиме за толку неверојатен човек. Би мразел некој да плаче за него. Време е да го прославиме наследството што ни го остави на сите. Те сакам тато. И ти ме сакаше. Со тешко срце го кажувам ова, но јас сум силна. Ќе се грижам за мама, твојата љубов речиси 60. години. Добро ме воспитавте и таа е во добри раце. Биди мирен – порачала ќерката на актерот во прошталната порака на Фејсбук.

Фото: Принтскрин/Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …