Поранешниот американски претседател Клинтон хоспитализиран


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е хоспитализиран во Калифорнија под сомнение за инфекција на крвта, објави Си-Ен-Ен.
Си-Ен-Ен објави дека Клинтон (75) бил на одделение за интензивна нега на лекување, под сомнение за инфекција на крвта.

https://www.instagram.com/p/CVCeavMMIuB/


Неговата состојба не е поврзана со претходни проблеми со срцето или ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
„Во вторникот вечерта, поранешниот претседател Бил Клинтон беше примен во Медицинскиот центар УЦИ за лекување на инфекција без ковид“, објавила неговата портпаролка Ангел Урена на Твитер.
„Тој се опоравува, добро е расположен и е благодарен на лекарите, медицинските сестри и персоналот што му пружија одлична нега“, рекла Урена.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Се соочува со предизвици – Бела Хадид за борбата со Лајмската болест: „Медицинската анксиозност е реална“

Американскиот модел од палестинско потекло Бела Хадид на социјалните мрежи се осврнала на својата борба …