Станува збор за специјална серија од само 10 примероци.
Уште во 2020. година, протекоа информации дека еден од десетте среќници што резервирале место за новото Бугати е Кристијано Роналдо. Страстен фан на Бугати, но и колекционер на автомобили, го избра Centodieci за својот трет бугати, пишува германски Bild.
Тоа е голема инвестиција, бидејќи автомобилот кој го платил 9,5 милиони евра, денес многу веројатно вреди повеќе. Да потсетиме, ова е специјална серија базирана на Chiron, која му оддава почит на моделот EB110.
Придвижуван е од истиот 8.0 W16 мотор, но овде е засилен со моќност од 1600 КС. Тој достигнува 100 км/ч за само 2,4 секунди, а не забавува до 425 км/ч.
Интересно е што Роналдо оваа година веќе купи неодамна реновиран Bentley Flying Spur вреден четвртина милион евра, во кој доаѓал на тренинзи. Најверојатно, тој ќе продолжи да доаѓа во Бентлито, доколку, со оглед на недостатокот на гориво, не проба друг, малку поштедлив автомобил. Инаку, неговата колекција во моментов ги вклучува Ferrari F430, Lamborghini Aventador, најмалку два Bugatti, McLaren Senna, два Rolls-Royce, Porsche 911, Koenigsegg CCX, Bentley Continental GT Speed, Range Rover Sport SVR, Maserati GranCabrio и неколку Audi и Mercedes. И не само тоа, бидејќи се уште е неизвесно дали тој е мистериозниот купувач на Bugatti La Voitture Noire, познат како најскапиот автомобил во светот.
Во секој случај, оваа инвестиција нема ни да се почувствува на домашниот буџет. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата ќе заработи 125. милиони долари пред оданочување оваа сезона, дополнителни 70. милиони долари од плата и бонуси, и уште еден милион од спонзорство и неговиот бренд CR7.
Фото: BUGATTI