Шон Конери и Мишелин Рокебрун биле 45. години во брак, а уметничката по смртта на сопругот открила како славниот актер ги поминал последните мигови од животот.
Легендарниот Шон Конери и уметничката Мишелин Рокебрун биле во брак 45 години, а вдовицата на актерот му се поклони со силни зборови по неговата смрт и откри како ги поминал последните мигови од животот.
“Тоа не беше живот за него. Последните неколку дена тој не можеше ниту да се изрази правилно затоа што страдаше од деменција што го зема својот данок. Почина мирно, во сон, и најважно од сè е фактот дека тој го сакаше тоа”, рекла Мишелин. Дејли Меил пренесува дека таа истакнала и дека тој заминал без премногу помпа.
“Тој беше прекрасен човек и имавме одличен живот заедно. Тој беше човек накој што другите можеа да се угледаат. Ќе ми биде многу тешко без него, го знам тоа. Но, јас сум свесна дека не можеме да траеме вечно”, рекла Мишелин. Шон Конери почина на 91 година во својот дом на Бахамите.
Бројни актери, политичари и познати личности се простија од славниот Џејмс Бонд во саботата, и сите се согласуваат дека тој бил еден од најлегендарните актери што светот ги видел. „Јас се викам Бонд, Џејмс Бонд“, е реченица што филмската индустрија ќе ја памети засекогаш и со тоа Конери ја обележа историјата на филмот.
Конери е добитник на бројни награди за време на завидната кариера, вклучувајќи Оскар, две награди БАФТА и три Златни глобуси. Тој беше светски познат по улогата на Џејмс Бонд, а магазинот „Пипл“ во повеќе наврати го прогласуваше за „најсекси маж на светот“ и „најсекси маж на векот“. Тој стана витез во 2000. година благодарение на неговата брилијантна кариера.