(ВИДЕО) Клетва на мумијата: Откритието на тајната гробница му го променило животот!

Египќанец кој открил една од тајните гробници во пирамидата на висок свештеник познат како Вахтје, тврди дека откритието му го променило животот.
Гробот на свештеникот бил недопрен цели 4.400 години и бил откриен во Сакара, големо археолошко наоѓалиште. Свештеникот имал висок чин за време на владеењето на фараонот Нефериркара Какаи од петтата династија.
Хамада Шехата Ахмед Мансур, Египќанец кој им помагал на археолозите во истражувањето на гробницата, сведочел за своето искуство во документарниот филм „Тајните гробници во Сакара“, што неодамна беше емитуван на Нетфликс.
Во пирамидата, Мансур открил гробница во која биле закопани мумии на мачки, како подарок на божицата Басте, која била претставена со глава на мачка. Божицата Басте, меѓу другото, била заштитничка на бременоста и породувањето, но и божица која штити од заразни болести и зли духови.
Египќанецот сведочел дека, откако истражувал во гробницата, доживеал необично искуство – неговите мачки почнале да се однесуваат чудно.
“Уште кога почнав да го копам гробот каде што се мумиите на мачките, кога мачките ќе ме видеа дома бегаа од мене. Тие се плашат од мене. Не ме третираат како порано, како домашни миленици. Кога тоа ќе се случи, им велам – ‘имате право, јас ги ископав вашите предци од земја и ги спакував во магацин’. Можеби тие мислат дека и ним ќе им го сторам истото“, рекол Мансур.
Мачките се сметале за волшебни суштества во антички Египет за да донесат среќа. Египтолозите наведуваат дека мачките имале статус скоро како божество и неколку богови во кои Египќаните верувале биле прикажани во нивната форма. По смртта, мачките често биле мумифицирани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …