Подгответе се за вистинска зима: Еве какво време не очекува во наредните 5. дена!

Иако официјално влеговме во зимата се чини дека не е вистинска без снег, а ниските температури во наредните 5 дена се чини ќе не потсетуваат дека сме кон крајот на декември…
Од УХМР за денес најавуваат наутро ведро и многу студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Утринските температури ќе се движат од – 13 до -5, а дневните од -2 до 8 степени.
За утре (четврток) се најавува слично време – наутро многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат од – 13 до – 5, а дневните од 0 до 9. степени.
Во петок се очекува сончево со мала до умерена облачност, позначителна во западните делови. По одделни ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови. Минимална температура: -7°C до 0 °C. Максимална температура: 3°C до 11°C.
Во сабота ќе биде умерено до значително облачно, по одделни со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, поизразен во западните делови. Минимална температура: -6°C до 2°C. Максимална температура: 4°C до 12°C.
Во недела се најавува претежно облачно, во крајните западни делови со локaлeн дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минимална температура: 0°C до 6°C. Максимална температура: 5°C до 13°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …