Подгответе се за снег и многу ладно! Еве што да очекувате во наредните денови!

Денес во вечерните и ноќните часови во западните и северните делови ќе има врнежи претежно од снег и до изутрина во овие делови ќе се формира нова снежна покривка. Помала снежна покривка ќе се формира и во Скопје. Утре во поголемиот дел од земјава ќе има врнежи од снег, пообилни во западните подрачја, особено претпладне. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, ветровито и многу студено време со повремен слаб локален снег. Утринските температури на места ќе се спуштаат под -10 степени, а дневните на повеќето места ќе се задржат под нула најавуваат од УХМР....
Утре (петок) ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Насекаде ќе се формира нова снежна покривка, освен во долниот тек на Повардарието. Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат од -1 до -7, а дневните од -5 до 4. степени.

This image has an empty alt attribute; its file name is zima-sneg.jpg
За сабота се најавува сончево со умерена облачност, студено и ветровито. Во источните делови променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минимална температура: -10°C до -3°C. Максимална температура: -4°C до 3°C.
Во недела се очекува сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален снег. Минимална температура: -12°C до -3°C.
Максимална температура: -5°C до 3°C.
За понеделник се најавува променливо облачно, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја ќе има повремен снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минимална температура: -11°C до -4°C. Максимална температура: -6°C до 2°C.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …