САМО една доза од вакцината Фајзер покренува имунолошки одговор сличен на оној генериран од организмот по инфекцијата и обезбедува заштита од различни соеви на вирусот за луѓето кои прележале ковид 19, покажуваат резултатите од студијата објавена денес во Велика Британија.
Студијата вклучила 237 лица и заклучено е дека оние кои веќе го прележале ковид 19 имале посилен имунолошки одговор на Т-клетките на вирусот, дури шест пати посилен од оние кои не биле заразени.
Авторот на студијата, д-р Тишан де Силва од Универзитетот во Шефилд, изјавил дека кај оние кои прележале ковид 19, одговорот на инфекцијата е ефикасен во случај на мутациите, новите соеви на коронавирус, како што е варијантата од Јужна Африка.