Под стрес сте? Пијте ТОПЛА ВОДА! Еве кои сериозни ЗДРАВСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ ги лекува овој напиток!

Колку и да е блуткава, топлата вода е особено здрава за нашето тело!
Здрава детоксикација, испирањена синус и намалување на воспалението и општата болка низ целото тело. Ова се само некои од здравствените придобивки на топлата вода, која треба да ја консумираме секој ден, доколку сакаме да имаме силно и здраво тело.
Имено, топлата вода особено помага во детоксикација на организмот. Топлата вода ја зголемува телесната температура, што предизвикува потење и на тој начин се исфрлаат токсините од телото и се чистат порите. Топлината на овој пијалок може да го ослободи притисокот предизвикан од настинки и алергии на носот. Пареата, исто така, помага да се ослободат синусите, а пиењето топла вода може да го поттикне одпушувањето на носот.


Конзумацијата на топла вода може да обезбеди одредено внатрешно ублажување на болката, но важно е да се напомене и дека топлината може да го влоши отокот предизвикан од повредата…


Неколку научни студии тврдат дека пиењето повеќе вода го зголемува губењето на тежината. Водата исто така му помага на телото да ги апсорбира хранливите материи и да го исфрли отпадот. Топлата вода го забрзува метаболизмот што може да помогне во слабеење. Покрај тоа, ги проширува крвните садови, ја подобрува циркулацијата. Ова може да им помогне на мускулите да се релаксираат и да ја ублажат болката.


Топлата вода ја подобрува циркулацијата, а исто така може да го подобри протокот на крв, особено кај повредените мускули. Имено, луѓето редовно користат шишиња со топла вода за да ја намалат болката. Конзумацијата на топла вода може да обезбеди одредено внатрешно ублажување на болката, но важно е да се напомене дека топлината исто така може да го влоши отокот.
И што е најважно за секојдневниот живот, една чаша топла вода може да ги ублажи стресот и вознемиреноста. Една научна студија покажала дека топлите пијалоци, вклучувајќи кафе и чај, можат да го намалат нивото на стрес и вознемиреност. Студијата сугерира дека тоа може да се должи на кофеинот во овие пијалоци, но и топлината игра важна улога во подобрувањето на расположението.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Велики четврток – На овој ден се прави спомен на Тајната вечера и предавањето на страшните тајни

Велик четврток Велики четврток или Величетврток — ден од Страдалната седмица. Според источното христијанство тој …