ПОЧИВАЈ ВО МИР – Починал легендарниот актер Давор Јањиќ, имал 53 години

Босанскиот актер Давор Јањиќ починал синоќа на 53-годишна возраст во Белград.
Оваа информација ја потврдија и неговите пријатели. Давор Јањиќ е роден на 18. ноември 1969. година во Тузла.
Тој беше босански филмски и телевизиски актер, најпознат по улогите во некои од значајните филмови на крајот на југословенската кинематографија, меѓу кои се издвојува ликот на Мартин Кујунџиќ во филмот „Живот со вујко“. Од 1991 до 1996 година живеел во Лондон, а од 1997 година живее и работи во Словенија.

This image has an empty alt attribute; its file name is davor-janjic-pocinal.jpg


Тој е познат и по легендарната улога во филмот „Ова малку душа“ на Адемир Кеновиќ, каде го отелотвори ликот на Нихад.


Студирал филмска глума во Студиото за млади актери и на Академијата во Сараево. Тој бил член на „Обала Сараево“ отворена сцена и најмладиот член на Ателје 212 во Белград.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …