ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СНИМКИ: Tesla Model Y удрил во два автомобили во Кина, загинале две лица

Кинеските власти започнале истрага по уште една фатална сообраќајна несреќа во која учествувал електричниот автомобил Model Y на Tesla.
До несреќата дошло кога моделот Y поминал на црвено светло и удрил во два автомобили, при што загинале две лица. Несреќата доаѓа само неколку недели откако друг Model Y беше снимен како забрзува надвор од контрола пред да предизвика несреќа во која загинаа две лица, а беа повредени уште три.


Нова несреќа се случи во понеделникот во градот Тајџоу, кој се наоѓа во кинеската провинција Жеџијанг. Објавено е и видео на кое се гледа како автомобилот поминува низ раскрсницата пред несреќата, а се појавиле и снимки направени за време и по овој настан, но не и самиот момент на судир. Сепак, се чини дека Model Y удрил во задниот дел на другиот автомобил и насилно го „турнал“ во другото возило.

Се уште не се знае точната причина за новата фатална несреќа. Возачот кој учествувал во претходната несреќа тврдел дека откажале сопирачките.
Кинеските медиуми јавуваат дека компанијата „Тесла“ добила многу случаи на суд во кои била обвинета за откажување на сопирачките бидејќи локалните власти не можеле да најдат докази дека тоа навистина се случило.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …