ПОЧИВАЈ ВО МИР ЛЕГЕНДО: Трагично загина Ванчо Петрушевски

Еден од најпознатите македонски актери, Ванчо Петрушевски, почина денес на 67.годишна возраст.

Како што известуваат медиумите, причината за смртта е струен удар. По ударот, била веднаш повикана Брза помош, но за жал било предоцна да се спаси животот на Ванчо.


Ване!!!Која ми јавија, прво што помислив беше дека и ова е една од твоите шеги. За жал, се излажав.Замина една од…


Gepostet von Роберт Вељановски am Samstag, 25. August 2018

„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме“, напиша на својот Фејсбук профил директорот на Драмски театар.


Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975. година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“ од Д. Јовановиќ.
Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Познат е по своите улоги во Македонски народни приказни. Во 2016 година освои Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

Редакцијата на ЕКРАН изразува сочувство до семејството и колегите на Ванчо Петрушевски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …