Починала познатиот Среда Адамс: Актерката не напушти на 64 години по тешка борба

Лиза Лоринг остави неизбришлива трага во актерскиот свет
Познатата актерка Лиза Лоринг починала во саботата, на 28 јануари, на 64-годишна возраст, како последица на мозочен удар.
Таа се прослави со улогата на Среда во познатата серија „Семејството Адамс“, а нејзината пријателка ја сподели трагичната вест на социјалната мрежа Фејсбук.
– Со голема тага ве известувам дека нашата пријателка Лиза Лоринг почина. Пред четири дена доживеала тежок мозочен удар предизвикан од пушење и висок крвен притисок. Таа три дена беше на апарати за одржување во живот. Вчера нејзиното семејство донело тешка одлука да ја симне од нив и таа починала синоќа – напишала таа.
Таа глумела во споменатата серија кога имала шест години, а серијата се прикажувала од 1964 до 1966 година.

View this post on Instagram

A post shared by @lisalorinng



– Таа е незаменлив дел од поп културата и во нашите срца секогаш ќе биде Среда Адамс. Убава, љубезна, сакана мајка… Наследството на Лиза во светот на забавата е огромно! А наследството што им го остави на семејството и пријателите, хуморот, наклонетоста и љубовта, ќе живеат во нашите срца уште долго. Почивај во мир Лиза. По ѓаволите, девојче… беше многу забавна – напишала споменатата пријателка Лор на социјалните мрежи.

Лиза се мажела четири пати, а зад неа останаа две ќерки и нејзините внуци Емилијана и Чарлс.


View this post on Instagram

A post shared by @lisalorinng


Фото:Принтскрин/YouTube – MGM

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …