Починала Моника Вити – кралицата на италијанскиот филм

Засекогаш единствената вистинска Модести Блејз.
Родена е во Рим во 1931. година како Марија Луиза Чечарели. Имала, како што вели, многу несреќно детство, семејството ја омаловажувало, а односот со мајка и бил многу комплициран. Како единствена ќерка чувствувала дека ја третираат сосема поинаку од нејзините браќа: “Имав многу строги родители. Моите двајца браќа беа моќ и слобода. Бев немоќна и повлечена”.
Искуствата од детството ќе ја одбележат до крајот на животот – никогаш нема да сака да основа семејство и ќе внимава на кого го дава срцето. Таа дебитирала на сцената на само 14. години, а актерството потоа станало нејзино бегство од се што ја попречувало да порасне.
„Кога на четиринаесетгодишна возраст заклучив дека ми е доста од животот, сфатив дека можам да глумам, да продолжам да се преправам дека сум некој друг и барем малку да ги насмеам луѓето на сцената и на екранот, рекла таа во една пригода.


Кога Марија наполнила 18. години, нејзиното семејство – браќата и родителите – емигрирале во САД без неа. Таа останала во Италија и во одреден момент веднаш по дипломирањето на Римската национална академија за драмски уметности во 1953. година, го променила своето име во уметничко – Моника Вити.

View this post on Instagram

A post shared by Monica Vitti (@monica.vitti_)


Во текот на остатокот од 1960-тите и 1970-тите, таа соработувала со многу меѓународни филмски режисери, вклучувајќи го и Луис Буњуел во „Фантом на слободата“, 1974 година. Но, вон Италија и уметничкиот круг веројатно најмногу ќе се сеќаваме според истоимената хероина, Модести Блејз (1966). Во 1980-тите снимила уште неколку филмови, меѓу кои и последниот со Антониони, пред да се врати во театарот, како актерка и како професор.



Моника се испробала и како писателка и режисерка, но не успеала да се докаже. Меѓутоа, во 1995 година одлучила да се омажи за Роберт Рус, со кого живеела десет години, а набргу потоа дознала дека боледува од Алцхајмерова болест. Последен пат таа се појавила во јавноста во 2002. година во Париз.
Нејзиниот сопруг пред неколку години издаде соопштение за медиумите во кое изјави дека се грижел за неговата сопруга, како и за медицинските работници, за да продолжат да живеат во Рим. Оттогаш и се губи секаква трага.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …