Починала легендата на Холивуд: Многумина го памтат по улогата во филмот на Џемс Бонд

Јафет Кото, актер познат по улогите во филмовите „Осмиот патник“ и „Џејмс Бонд: Живеј и остави ги другите да умрат“ и сериите „Одделот за убиства“ починал на 82-годишна возраст, потврдил неговиот агент Рајан Голдар за „Варајати.

Неговата сопруга Теса Синахон, која е во брак со него скоро 24 години, ја објави тажната вест за неговата смрт на Фејсбук, во понеделникот вечерта.


„Тажна сум и сè уште сум во шок … Почина синоќа околу 22:30 часот по филипинско време. Играше негативец во неколку филмови, но за мене беше вистински херој, добар човек, добар татко, добар сопруг и пристоен човек каков е тешко да се најде … Беше еден од најдобрите актери во Холивуд, беше легенда. Почивај во мир, душо, ќе ми недостасуваш секој ден, мојот најдобар пријател, мојата карпа“, напиша Теси на социјалната мрежа.


Кото е роден во Њујорк на 15. ноември 1939. година, а започнал да студира глума на 16-годишна возраст во студиото за глума во театарот „Мобил“. До својата 19-та година дебитирал во театарот во претставата „Отело“, а настапувал и на Бродвеј во претставата „Големата бела надеж“.


Во неговата долга кариера, тој се појавил во бројни телевизиски серии, вклучувајќи ги „Закон и ред“ и „Хаваи 5-0“, но е најпознат по улогата во филмот „JЏејмс Бонд: Живеј и остави ги другите да умрат“ од 1973. година во кој го глумел корумпираниот карипски диктатор д-р Канангу, но и неговото алтер его, Биг.


Освен сопругата, тој зад себе остави и шест деца.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …