Починала легендарната актерка Ирена Папас

Грчката актерка Ирена Папас починала на 97-годишна возраст.
Актерката починала денеска, а смртта ја потврдил портпаролот на грчкото Министерство за култура преку меил.
Причината за смртта засега е непозната, но во 2018. година беше објавено дека актерката боледува од Алцхајмерова болест.
За време на кариерата која траеше повеќе од 50. години, во која играше улоги на силни жени на филм и во театар, Ирена Папас важеше за симбол на грчката убавина и претставник на медитеранската култура во странство, пишува грчкиот Катимерини.
Таа беше најпозната по нејзините улоги во филмовите „Зорба Гркот“ (во кој играше грчка вдовица која селаните ја каменуваа поради нејзиниот избор на љубовник), „З“ (ја играше вдовицата на ликот што го игра Ив Мон ) и „Топовите на Навароне“ (играше борбен отпор од Втората светска војна), како и во „Одисеја“, „Антигона“, „Електра“, „Сутјеска“ и многу други.


Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Мароко – Прв пат во јавност: Шон Пен со 34 години помладата партнерка блеснал на филмскиот фестивал во Маракеш

Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, …