(ФОТО) Растењето било болно, а болеста напредувала – но засекогаш ги променила светските стандарди за убавина

Растејќи, девојките ја мазнат својата кадрава коса со килограми гел за да изгледаат подобро. Девојките мислат дека нивното тело мора да биде потенко и затегнато, дека нивната кожа мора да биде како порцелан, без ниту една дамка или акни. Но, благодарение на некои жени, како Вини Харлоу, сега гледаме огромна промена во светските идеали за убавина.

Патот на Вини од самиот почеток не бил како бајка. Нејзиното вистинско име е Шантел Броу-Јанг и по потекло е од Големо Торонто. Кога имала само четири години и било дијагностицирано витилиго, а болеста само напредувала и се ширела. Почнувајќи од раното детство, таа морала да живее со чувството дека е поинаква.
„Додека растев, никогаш не видов некој како мене на телевизија, на билборди или на писти“, вели Вини.
„Се чувствував како да сум единствената личност на светот како мене“.
Нејзините врсници не ја прифатиле поради нејзината состојба, а во едно интервју таа признала дека тоа било доста болно.
„Мислам дека состојбата на мојата кожа не влијаеше на мојата самодоверба толку многу како луѓето околу мене“, вели Вини.



Нејзината кариера започнала неочекувано. Како и повеќето талентирани луѓе, потенцијалот за моделирање на Вини бил откриен случајно. Нејзина „кума самовила“ била новинарката од Торонто, Шенон Будрам, која снимила видео на YouTube за неа. Клипот брзо собрал повеќе од 150.000 прегледи. Шенон ја охрабрила Вини, која во тоа време имала само 16. години, сериозно да размисли за кариера како модел.
„Ми се јави и ми рече дека треба да продолжам да се занимавам со манекенство, дека камерата ме сака и дека сум природна“, се сеќава Вини.
Големиот успех се случил во 2014. година, на 19-годишна возраст, кога учествувала во програмата „America’s Next Top Model“ чиј водител бил Тајра Бенкс. Иако не победила, сепак била во последните кола.

Манекенството и помогнало да зборува и да ги инспирира другите. Вини стана заштитно лице на познат моден бренд, а често се појавува на телевизија и отворено зборува за стандардите за убавина. Таа има добиено многу награди во различни сфери и продолжува да ја тресе модната индустрија со своите смели мислења. Вини стана личност која ги менува светските стандарди за убавина.
„Верувам дека убавината е во окото на оној што гледа“, вели жената која се обидува да ја направи модата поинспиративна.
„Секогаш велам дека треба да се фокусираме на нашето мислење за себе, а не на мислењата на другите“, заклучува Вини.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …