Починал Рајко Дујмиќ – творецот на „Нови фосили“: Легендарниот музичар им подлегнал на тешките повреди после сообраќајната несреќа

Како што пренесуваат хрватските медиуми, Рајко Дујмиќ (65) починал од последиците на сообраќајна несреќа. Кантавторот претрпел опасни повреди кога минатата среда ја изгубил контролата над својот „VW Tiguan“ во грозоморната несреќа во Стари Лаз, во областа Равна Гора, и слетал во бездна.
Поради неприлагодена брзина, тој слетал од патот на излезот од остар лев свиок што се искачува по угорницата во тој дел, а потоа го собрал каменото ѕидче и слива за да запре на околу пет метри под нивото на патот,односно десет метри над бездната. Тој беил задржан од гранките.
По сообраќајната незгода во која главата ему беше сериозно повредена, Дујмиќ се наоѓал во кома, поврзан со респиратор во одделот за интензивна нега во Сушак.


Успехот на „Нови фосили“
Дујмиќ е роден во Загреб, на 7. август 1954. година и иако завршил средно музичко училиште со диплома за виолина, тој се докажал како клавијатурист, па токму со тој инструмент се усовршувал во голем број рок бендови како што се Црно Бијели, Група Марин Шкгритиќ, Клан и Златни аккорди. .


Но, тоа е најпозна по „Нови фосили“. Нивниот прв голем хит беше објавен во 1976. година како гости на Сплитскиот фестивал, каде ја претставиле „Диридонда“, која ги воодушевила слушателите низ цела поранешна Југославија. Додуша, станувало збор за песна на Зденко Руњиќ, но тоакму Дујмиќ беше тој кој даде најголем број на песни со кои и денес и препознаваме. Тие беа обожавани од публиката и критичарите, а следеле низа хитови што им го обезбедија статусот на еден од најпопуларните бендови во поранешната држава, но и популарноста на меѓународен план, за што сведочат турнеите во Советскиот Сојуз, САД, Канада и Европа.


Šuti, moj dječače plavi, Ti si moja kiša blaga, Najdraže Moje, Plava košulja, Saša, Tonka, Ključ ispod otirača, Milena и уште многу други, се’ се тоа авторски дела на Рајко Дујмиќ кој на бендот му даде препознатлив звук и им обезбеди бројни платинести и дијамантски тиражи.

Рајко Дујмиќ е и автор на композицијата „Ѕвона ѕвонат“ со која Љупка Димитровска во 1990. година победи на „Макфест“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …