ПОЧИНАЛ НАЈСТАРИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ: Шпанецот починал на 113. години, неодамна го собори Гинисовиот рекорд

Најстариот човек на светот – Сатурнино де ла Фуенте Гарсија од Леон во Шпанија, почина на 112. години и 341. ден, објави Гинисовата книга на рекорди.
Во септември 2021. година, Гарсија го собори Гинисовиот рекорд за најстара личност во светот, пренесува New York Post.
Роден е на 11. февруари 1909. година и зад себе остави седум ќерки, 14. внуци и 22. правнуци.
Бил висок само метар и пол, поради што успеал да избегне учество во Шпанската граѓанска војна во 1936. година. Наместо тоа, почнал да работи како чевлар.
Гарсија еднаш како рецепт за долг живот изјавил дека никого не треба да повредувате.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …