НИШТО од Богојавленското капење на ПУТИН: Рускиот претседател ги послушал препораките на црковните претставници!

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на празникот Богојавление нема да се нурне во ледената вода поради пандемијата на корона вирусот, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Путин ги послушал препораките на претставниците на црквата и нема да оди на Богојавленското капење – пренесува РИА Новости.
Путин традиционално се нурнува во ледената вода на Богојавление.
На Богојавление, верниците го одбележуваат денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, а на тој празник илјадници луѓе во Русија се капат во студени реки и езера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …