Починал мистер „Music“ – познат британски рок музичар: Иноватор но и семеен човек

Рок-музичарот Џон Мајлс почина на 72-годишна возраст. Неговото семејство ја потврди веста, велејќи дека тој починал по кратко боледување и мирно, во сон, опкружен со најблиските.

Роден е во Џероу, во април 1949. година, во северо-источниот дел на Англија и стана легенда со песната „Music“ (Music Was My First Love And It Will Be My Last), која ги одбележа топ листите во Велика Британија во 1976. година. Тој беше наречен голем и иновативен музичар во британската рок музика. Подоцна свирел со Тина Тарнер и соработувал со бројни музичари како Стиви Вондер, Џими Пејџ итн.


– Со голема тага ве известуваме дека господинот „Music“, Џон Мајлс, за жал почина по кратко боледување. Беше сакан сопруг, татко и дедо и ни недостига повеќе отколку што може да се опише со зборови. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова тешко време… Секогаш ќе биде во нашите срца – пишува меѓу другото во објавата на семејството на Мајлс на социјалната мрежа Фејсбук.

This image has an empty alt attribute; its file name is dzon-majls-1-pak.jpg
Има издадено 10. албуми од 1976. и 1999. година, а во 2017 година доби награда за придонес во рокенрол музиката.
Неговиот менаџер и пријател Клиф Купер изјавил дека починал мирно, во сон со семејството околу него.
– Како менаџер и пријател на Џон 50. години, тој не само што беше добар и љубезен, туку и одличен музичар и текстописец на глобално ниво – изјави. тој за Би-Би-Си.
Зад себе ја оставил сопругата Ајлин, со која бил во брак речиси половина век, како и две деца и внуци.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави актерката Арна Шијак

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 година во Скопје како ќерка на ликовниот …