Како да препознаете сродна душа: 10. знаци кои ги отстрануваат сите сомнежи!

Слушаме за тоа, читаме, но дали некој навистина го доживува – сродна душа? Како да ја препознаете? По долго набљудување, д-р Кармен Хара набројала 10. знаци за да препознаете дали личноста до вас е вашата сродна душа.
Прочитајте и проценете дали сте со вистинската личност.
1. Чувство на исполнетост – одатре: Длабоко чувство на смиреност кога таа личност е до вас.
2. Чувството дека се познавате цел живот.
3. Едноставно се разбирате. Си ги завршувате речениците, дури не мора да кажете што мисли вашиот партнер, но тој знае што сакате да кажете…
4. Вљубени сте и во неговите/нејзините маани.
5. Интензивно поврзување. Со сродните души, односите се поинтензивни, понекогаш на добар, понекогаш на лош начин. Но, од лошите ситуации излегувате одлучни.
6. Вие двајца „против светот“. Се е можно додека сте заедно.
7. Ментално сте неразделни. Сродните души често имаат ментална врска како близнаците.
8. Се чувствувате заштитено и безбедно, како да имате личен ангел чувар.
9. Не можете да го замислите животот без таа личност. Ќе се борите за таа личност без разлика на се.
10. Се гледате во очи. Сродните души повеќе се гледаат во очи додека зборуваат отколку оние што не се. Гледањето во очите ја одразува самодовербата и удобноста што ја чувствувате кога сте еден до друг.

Имате ли таква личност покрај вас?


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …