Починал легендарниот Сидни Поатје

Легендарниот холивудски актер Сидни Поатје починал на 94-годишна возраст, а причината за смртта се уште не е објавена.
Поатје имаше седумдесетгодишна кариера која вклучуваше легендарни улоги во холивудските класици „Погоди кој доаѓа на вечера“ и „Полски лилјани“, „На господинот со љубов“, „Во топлината на ноќта“…
Роден е во 1927. година во Мајами, а израснал на Бахамите.
Тој е син на фармер кој одгледувал домати, го следел својот сон и станал холивудска ѕвезда.
Во 1964. година доби Оскар за главна машка улога за филмот „Полски лилјани“ и беше првиот Афроамериканец кој ја доби оваа награда во таа категорија.


Веста за смртта на актерот ја соопшти министерот за надворешни работи на Бахамите, Фред Мичел, оддавајќи почит, објави „Индипендент“. Премиерот на Бахамите, Филип Брајв Дејвис ќе одржи прес-конференција во чест на починатата легенда, објавија локалните медиуми.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: Пет години без нашиот актер Васо Ангелов

Васо Ангелов е роден во 1938 во Ваташа. Уште како ученик во основното училиште а …