Викторија била во врска со дечко кој заработувал многу повеќе од неа, имал и импресивно наследство, не бил глуп или досаден, плус ја третирал како кралица. И таа го оставила. Ова е нејзината приказна.
„Ова е 21. век, треба да заработувам барем приближно како мојот дечко. Зарем тоа не значи силна и независна жена? Наместо тоа, секој пат кога размислував за мојата и неговата плата, мојот живот изгледаше како епизода од „Мучки“.
Мојот дечко беше прекрасен – фин, смешен, паметен и, како што веќе знаете – полн како брод. И тоа последното понекогаш беше чудно. Од една страна готвев во тоа време и не сакав да излегувам на вечера. Повеќе би сакала да ги заштедам тие пари.
Не сакав да платам многу ни за билети за кино. Од друга страна не можев да прифатам дека и тој плаќа исто, сфаќате ли сега? Знам дека е ужасно, свесна сум за тоа, но таква сум.
Годишните одмори се скапи, не сакав да ми ги плаќа патувањата, но не сакав ниту поради мене да престојува во лоши хотели. На крајот морав да направам компромис и му кажав за тоа – во ред, што и да избереш, но јас си го плаќам својот дел. Поради тоа цела година очајно го штедев секој динар и се чувствував виновна кога отпатувавме затоа што се расфрлував.
Кога луѓето имаат многу пари, нормално е да купуваат што сакаат. Замислете го тоа! Кул за нив, но агонија кога ќе се обидете да им купите подарок. Всушност, многу брзо престанав да му купувам материјални работи. Или веќе ги имаше или чинат премногу, не можев да платам. Ништо како подарок од срце, нели? Не! Чувството е страшно.
На крајот, по две и пол години врска, не издржав повеќе. Од една страна, не можев да го обвинам дека е успешен и богат. Бев среќна што е остварен, но јас сум таква личност, почнав интензивно да размислувам што ќе се слчучи во иднина, ако е венчаме, дали секогаш ќе се чувствувам инфериорно и сфатив дека ќе се чувствувам така.
Се обидов да му објаснам. Тој не разбра.
Набргу по тој разговор раскинав и ветив дека повеќе ќе работам на себе. Се сретнавме деновиве, жена му е бремена, од другарка слушам дека е од богато семејство.
А јас? Барем не гледам „Мучки“, веќе не ми се смешни“, напишала Викторија Хил во својата исповед.
Фото: Илустрација