Почина новинарот Лазо Ристевски

Во Битола на 60. годишна возраст почина новинарот Лазо Ристевски, патриот, борец за правда и бранител на македонските национални интереси.
Колегата Ристевски пишуваше за весниците „Балканска Газета“, „Вечер“, „Скок“, „Битолски весник“, „Дело“, „Денес“ и „Македонија Денес“, „Вест“, „Екран“…
Тој има објавувано голем број на текстови и фотографии за Битола и Македонија за неделниците кои излегуваа во поранешена Југославија, најмногу во Србија и Босна и Херцеговина.
Погребот на Лазо Ристевски се одржа во Светонеделските гробишта во Битола. Порталот „Екран““ упатува искрено сочуство до неговото семејство.

Извор:pelanet.mk


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на филмот „Македонски дел од пеколот“ вечерва во КИЦ

Вечерва во Културно информативниот центар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде прикажан …