Починал Џони Неш, творец на хитот кој сите го знаат

Американскиот пејач Џони Неш, познат по реге хитот од 1972. година,I Can See Clearly Now,, починал на 80-годишна возраст, изјавил неговиот син Џон Неш III.
Неш починал од природна смрт во неговиот дом во вторникот, изјавил Џон Неш Трети за веб-страницата TMZ и за локалната ТВ станица во Лос Ангелес.
„Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Тој ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува во нашата заедница. Семејството за него беше сè”, изјави тој за TMZ.

Хитот I Can See Clearly No, бил издаден во 1972. година и бил на врвот на Билборд Хот 100 листата на најпопуларните синглови објавувани неделно во САД од магазинот Билборд четири недели. Песната стана хит и во Канада, Велика Британија и Јужна Африка.


Неш е роден на 19. август 1940. година во Хјустон, Тексас и својата кариера ја започнал кон крајот на 1950-тите како пејач и актер. Во средината на шеесеттите се пресели во Јамајка каде беше под влијание на реге-музиката. Тој исто така беше еден од првите не-јамајкански пејачи што снимил реге музика во Јамајка. Неговиот последен студиски албум Here Again беше издаден во 1986. година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …