Починал Бојси од серијата „Само игри и шеги“

Актерот Џон Шалис починал на 80 -годишна возраст, пренесува Mirror. Џон е познат по улогата на Бојси во популарната серија „Само игри и шеги“.
Џон починал мирно во сон по долга борба со ракот, потврдило неговото семејство.
„Со тешко срце ви носиме тажни вести: нашиот драг пријател, но и вашиот, Џон Шалис, почина мирно во сон по долга борба со ракот. Тој секогаш ќе биде сакан поради улогата на Бојси”, се вели во официјалното соопштение.
„Тој остави големо наследство со својата работа што ќе носи задоволство и смеа уште многу години. Ве молиме, почитувајте ја приватноста на семејството и пријателите на Џон во овие тешки времиња и бидете сигурни дека ќе има можности да го прославиме неговиот живот”, рекле од семејството.


Шалис е родена во Бристол, но пораснал во Лондон каде работел како агент за недвижности, а потоа се префрлил на професионални актерски води. Тој одигра голем број улоги на телевизија и во театар. Тој ја започна својата телевизиска кариера во 1967. година. Тој глумеше во Coronation Street, The Sweeney, Doctor Who, The Newcomers, но е најпознат по улогата во серијата „Само игри и шеги“.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …