Во Белград „Пајак“ однел полициски автомобил

ПАЈАК одвезол полициски автомобил од улицата „Бранкова“ во Белград. Интересната сцена ја снимил новинар од порталот Nova.rs.
Се’ уште не е познато дали автомобилот бил непрописно паркиран или нешто друго, но припадниците на МВР, пишува српскиот портал, ќе мора да платат одредена казна за нивниот автомобил. „Се случуваат чуда“, се пошегуваа Србите во насловот.
Според новинарот кој ја снимил необичната сцена, многу граѓани кои се нашле на улицата „Бранкова “биле зачудени од она што го виделе, а некои од нив не криеле дека оваа ситуација ги насмеала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …