Починал актерот Харди Кригер – ќе го паметиме од филмот „Битката на Неретва“

Познатиот холивудски актер Харди Кригер, познат на филмската публика по улогата во филмот „Битката на Неретва“, починал на 93-годишна возраст.
Веста за смртта на актерот со германско потекло ја потврдила и неговата агенција.
„Неговата топлина на срцето, радоста на животот и неговото непоколебливо чувство за правда го направија незаборавен“, се вели во соопштението во кое се изразува сочувство до неговата сопруга Анита.
Според локалните медиуми, тој починал во својот дом во Калифорнија во четвртокот.

This image has an empty alt attribute; its file name is hardi-kriger.jpg


Кригер глумел во повеќе од 60. филмови од 1944. година. Љубителите на филмот најдобро го паметат по улогата во филмот „Битката на Неретва“, а глумеше и во бројни европски и американски филмови: „Летот на Феникс“ од 1965. година и германската верзија на „Месечината е сина“, „Недостижниот Мост“ од Ричард Атенборо и Диви Гуски“ (1978) со Ричард Бартон.
Неговата ќерка Кристина Кригер и синот Харди Кригер Јуниор се исто така актери.


Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …