Почина Зоран Милосављевиќ, македонската шлагерска легенда

Пред неколку дена почина познатиот пејач Зоран Милосављевиќ. Животот го загуби во Скопје, во 79.тта година од животот.

Цел работен век Зоран работеше како камерман во Македонската телевизија, а подоцна беше и директор на Продукцијата на МРТ. Зоран Милосављевиќ на Скопскиот фестивал, во 1971. година со песната „Само ти“ на Александар Џамбазов ја освои првата награда.
Зад себе остави многу евергрини, меѓу кои се и: „Роза сина“ на Димитар Масевски, „Те барам сега љубена“ на Славе Димитров, „Скопје градот мој“…!


Зоран замина физички од овој свет неговите песни ни останаа во наследство. Тие одамна се евергрини и со задоволство ќе ги слушаат и пеат генерациите по нас. Неговиот син Дино, кој е тапанар на неколку скопски формации, меѓу кои најпознато е триото на Влатко Стефановски, го продолжува патот на неговиот татко, македонската шлагерска легенда, големиот Зоран Милосављевиќ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …