Почина возачот на Брза помош од Прилеп: Се зарази спасувајќи животи, но ја загуби битката  со корона

Возачот во прилепската Брза помош, Гоце Илиески, за кого Македонија собираше донации за лекување, ја загуби битката со коронавирусот.
И покрај желбата на целата нација Гоце Илиески повторно да застане на нозе на 42. години и да спасува животи, денеска засекогаш не’ напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца.


Со Ковид- 19 се зарази на работното место, спасувајќи животи. Во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники, а по апелот на социјалните мрежи, масовно се собираа средства за негово лекување.

Редакцијата на ЕКРАН изразува сочувство до неговото семејство!
Нека почива во мир!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ханами – промо настан за Сакура фестивал

Денес во барот Кантина, со почеток во 17:00 часот ќе имате можност да запознаете некои …