Почина професор Д-р Владимир Андонов – основоположник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава

Денес на 86 годишна возраст почина професор Д-р. Владимир Андонов, основоположник и дојаен на современата анестезиологија, реаниматологија и интензивно лекување во нашата држава и учител на многу генерации на анестезиолози. Професор Андонов во континуитет од 1967 година е раководител на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување при Хируршката клиника во Скопје, а од 1990 до 1995 година бил директор и основач на Клиниката за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) при Медицинскиот факултет во Скопје. Од 1993 година до неговото пензионирање е шеф на Катедрата по анестезиологија и реанимација на Медицинскиот факултет во Скопје Автор е на повеќе од 80 стручни и научни трудови, објавени во земјата и во странство, коавтор на три учебници во земјата и на еден во странство.
Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и на државната награда “Св.Климент Охридски” во 2003 година.
Министертвото за здравство, министерот Доц Д-р Венко Филипче и Здружението на лекари по Анестезија, реанимација и интензивно лекување (ЗЛАРИЛ) и претседателката доц. Д-р. Маја Мојсова Мијовска, изразуваат длабоко сочуство кон семејството на проф. Андоновски.

-Проф. Д-р Владимир Андонов беше голем лекар, кој во својата секојдневна работа несебично се жртвуваше во спасувањето на многу човечки животи и несебично го пренесуваше своето знаење на своите ученици.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …