На 3 декември со почеток од 20 чaсот во „Котур Кафе и Филм“ ќе се случи четвртата изведба на експерименталната интерактивна монодрама „Пингвинот“, авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ работен по текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју, документарни материјали на Вернер Херцог и авторски материјали. Извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски.
„Пингвинот“ е претстава која се надоградува со секоја изведба преку директна комуникација со публиката и зборува за барањето на убавите мали моменти во животот за кои вреди да се живее. Преку создавање на список со мали работи кои не прават среќни зборуваме за теми околу менталното здравје, депресијата и односите помеѓу родителите и децата. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. Сите овие теми ги поврзуваме и со пингвините, едни од ретките животни кои покажуваат знаци на депресија и суицид. Ова е еден специфичен феномен кој се појавува кај пингвините и сеуште нема јасно научно објаснување за ваквото однесување на овие животни, кои можеби чувствуваат многу подлабоко отколку што мислиме и ни се блиски во соочувањето со тагата. Претставата има за цел отворено да зборува на овие теми, но истовремено да не потсети дека животот е убав заради малите работи кои не прават среќни“ изјави на Тамара Стојаноска, режисерка на претставата.
За повеќе информации и резервација на билети за претставата ќе најдете на социјалните мрежи на независниот театар „Златен Елец“ Скопје. – велат од театарот.