Пет навики од кои мора да се ослободите ако сакате да сте среќни

Понекогаш сами себе сме си најлоши непријатели, но не е секогаш лесно да се дефинира што точно правиме погрешно и што нè спречува. Пораките кои сами себе си ги зборуваме може да имаат големо влијание врз нашиот изглед, расположение и среќа. Ако не се чувствуваме добро, време е едноставно да ги смениме тие пораки.
PopSugar ги наведува петте најважни навики што треба да ги промениме ако сакаме да се чувствуваме добро во  сопствената кожа.
1. Да се живее во минатото
Животот продолжува и работите се различни од порано. Важно е да се прифати ова. Вие трошите драгоцено време ако одбиете да продолжите понатаму. Во ред е да се запамети, но не трошете толку многу време размислувајќи или зборувајќи за тоа што било порано. Пронајдете сè што ве прави среќни во сегашноста и направете планови за иднината.
2. Страв од промени
Д-р Хелен Стид, креативна директорка на Glossier, во своето студио има плоча со 10 основни чекори на темата „Како да се направи подобро“. Осмиот чекор е – прифатете ја промената како неизбежна. Тоа е корисен совет и за деловниот но и за животот. Познатата околина е пријатна, но работите секогаш ќе се менуваат. Ако се плашите од ова, големи се шансите дека ќе страдате. Научете да ги гледате промените како нешто добро, нешто што носи нови добри можности

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …