ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТ: Во САД во домовите за стари 26.000 мртви, Малта од 1. јули ги отвора границите за 16. земји

* Вкупно 6.371.661 луѓе се заразени со коронавирус, а 377.552 лица починале;
* 2.904.925 луѓе се опоравиле од коронавирус;
* 1.859.323 луѓе се разболеле во Соединетите држави, а 106.925 починале;
* Во Бразил се заразени 529.405 лица, а 30.046 починале;
* Во Русија, 414.878 луѓе се разболеле, а 4.855 починале;


Малта од 1. јули ги отвора границите за 16. европски земји и Израел
Островот Малта на 1. јули ќе ги отвори своите граници за туристи од 16 европски земји, Израел и само одредени делови на Италија.
Малтешките власти во понеделникот објавија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои ќе пристигнат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија, пренесува АП.
Малта со својата богата историја и ноќен живот се смета за туристичка мека меѓу туристите, особено кога станува збор за Британците, Италијанците, Германците и Французите.
Сепак, само граѓаните на Германија се на списокот на земји што ќе можат да го посетат островот уште следната недела, според АП.
Во Малта се пријавени 619 случаи на коронавирус и девет смртни случаи поврзани со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата.

Премиерот на Романија парично казнет за журка без маска и пушење



Премиерот на Романија, Лудовик Орбан и четворицата министри мораат да платат казна за непочитување на „мерките против короната“.
Според романската агенција Медиафакс, тие морале да платат казна затоа што на роденденската забава на премиерот во неговата канцеларија не носеле заштитни маски.
Фотографијата од роденденската прослава стасала до јавноста, па затоа Орбан морал да плати 2.500 леи (околу 500. евра), затоа што тој не носел заштитна маска, а исто така и пушел во својата канцеларија.
Романскиот министер за надворешни работи, Богдан Ауреску, кој исто така пушел, морал да плати иста сума на парична казна.

 


Фаучи: Со Трамп се немам слушнато две недели
Д-р Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести и член на работната група за борба против коронавирус, соопштил дека не разговарал или се сретнал со американскиот претседател, Доналд Трамп, веќе две недели и дека неговите контакти со претседателот станале многу поретки.
Тие последен пат се сретнале на 18. мај, кога Трамп го поканил Фаучи да учествува како медицински експерт во неговата телеконференција со гувернерите на американските сојузни држави, јавува Си-Ен-Ен.
Работната група последен пат се состанала на 28. мај, а последниот брифинг за печатот на Белата куќа се одржал на 22. мај.

Во американските домови за стари лица дури 26.000 мртви
Скоро 26.000 луѓе починале во американски старечки домови од коронавирус, според новиот извештај на сојузните гувернери.
Во извештајот се наведува дека бројот на починати не е конечен и веројатно ќе се зголеми.
Ова е четвртина од смртните случаи од вирусот корона во Соединетите Држави, каде што повеќе од 106 000 луѓе починале како резултат на таа инфекција.
Во писмото испратено од здравствените власти до американските гувернери се вели дека 60.000 корисници на домови на стари лица се заразени со вирусот корона.
Податоците се засноваат на извештаите добиени до 24. мај од околу 80. проценти од 15.400 американски старечки домови.

РЕГИОН
Словенија – 1.473
Хрватска – 2.246
БИХ – 2,524
Србија – 11.430
Црна Гора – 324
Македонија – 2.315
Албанија – 1.143
Бугарија – 2.519
Грција – 2.918

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …