ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВИРУС – ВО СВЕТОТ ЗАРАЗЕНИ ПОВЕЌЕ ОД 19. МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Во Индија повеќе од 2. милиони заболени, во Бразил уште 53.139 нови случаи

Повеќе од 19 милиони луѓе во светот се заразени со вирусот на корона, од кои еден милион за помалку од четири дена.


Според новиот биланс, до 23,00 часот (GMT) во четврток, од коронавирус во светот починаа 712.315 луѓе, а бројот на официјално заразени е 19.000.553.
Во САД починале 159.864 лица, заразени се 4.870.367, додека во Бразил имало 98.493 смртни случаи и 2.912.212 заразени. Двете земји се најпогодени од вирусот.
Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.


Индија
Индија регистрира повеќе од два милиони случаи на вирусот „ковид-19“ од почетокот на епидемијата, што ја прави трета земја во светот што надминува два милиони, веднаш зад Бразил и Соединетите држави.
Според податоците на индиското Министерство за здравство, во последните 24. часа биле регистрирани 62.538 нови случаи во таа земја, што вкупниот број на починати пораснал на 2.027.074, јавува Си-Ен-Ен.
Првиот случај на вирус е регистриран во таа земја на 30. јануари, а до 17. јули е регистриран еден милион случаи, од кога бројот на новоинфицирани почна рапидно да расте.
Оттогаш, на земјата и биле потребни 12. дена за да достигне 1,5. милиони заразени и уште девет дена да ја надмине бројката од два милиони.
Починале вкупно 41.585 лица.
Пациентите со благи или умерени симптоми се класифицираат како неактивни после 10. дена симптоми, а не е потребен тест за да се потврди дека веќе не се болни.



Грција
Бројот на заразени со вирусот во Грција надмина 5.000, откако дневниот број на ново заразени лица повторно започна да расте во изминатите недели.
Во последните 24. часа пријавени се 153. нови случаи, така што вкупниот број заразени лица се зголеми на 5.100, а починале 210 лица.
Највисок дневен број на нови пациенти е забележан на 21. април, кога имало 156., пренесува Гардијан.
Вечерва Службата за цивилна заштита воведе строги мерки на туристичкиот остров Парос недалеку од Атина, што ќе биде во сила наредните 10. дена.
Работата на баровите, рестораните и клубовите е ограничена на 19. часа, а маските се задолжителни на сите затворени и надворешни простори.
Сите собири се ограничени на десет лица, а забави, улични пазари, саеми и верски собири се забранети.


Африка
Бројот на нови случаи на коронавирус во Африка се зголеми за 13.996 на 992.477, објави регионалниот огранок на Светската здравствена организација.
Според СЗО, во текот на изминатиот ден починале 501 лице, така што вкупниот број на смртни случаи на тој континент се зголемил на 21.599.
Најголем број заразени лица има во Република Јужна Африка, 529.877, 9.298 лица починале во таа земја, додека 94.752 лица биле заразени во Египет, а 4.912 починале.


Бразил
Во Бразил беа потврдени 53.139 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а починале 1.237 лица, соопшти Министерството за здравство.
Вкупниот број на заразени се искачи на 2.912.212, а починале 98.493 лица, пренесува Ројтерс.
Бразил е втора земја во светот во однос на бројот на заразени и починати, по Соединетите држави.

Кина
Во Кина се пријавени 37. нови случаи на коронавирус, од кои 27. се пренесени локално, а повеќето се пријавени во провинцијата Ксинџијанг.
Во Кина, се откриени 14. нови асимптоматски случаи, кои Националната здравствена комисија конкретно ги категоризира, пренесува Си-Ен-Ен.
Во Кина, каде за прв пат се појави вирусот „ковид-19“ на крајот на минатата година, од почетокот на епидемијата се регистрирани 84.565 случаи на коронавирус, а починале 4.634 лица.

РЕГИОН
Словенија – 2.480 (125 починати)
Хрватска – 5.404 (155)
БИХ – 13.396 (384)
Србија – 27.332 (621)
Македонија – 11.399 (517)
Црна Гора – 3.480 (60)
Албанија – 6.016 (188)
Грција – 5.123 (210)
Бугарија – 13.014 (435)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) …