ОВИЕ 2 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НАЈМНОГУ ЌЕ НАПРЕДУВААТ ВО 2023: Откријте кому животот му ги отвора вратите

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Според годишниот хороскоп за 2023 година едниот знак од Зодијакот очекува успех на приватен и деловен план, додека другиот ги жнее плодовите на својот труд. Еве ги двајцата среќници…

Бик
Од март животот ширум ви ги отвора вратите. Ова е година на будење и поволни можности, па вашата претпазливост, сомнежи или мрзеливост исчезнуваат за миг. Главата ви е полна со оригинални деловни идеи. Време е за акција, а во периодот околу вашиот роденден можен е забележителен успех, нова работа или започнување бизнис. Се појавува вашето ново јас, со нови визии за животот и инспирирани цели кон кои полека, но стабилно се движите. Зафатени со работа, ќе имате помалку време за пријатели и дружење, можеби ќе бидете разочарани од некои прекинати пријателства, но вашиот успешен деловен и приватен живот ви дава силно чувство на задоволство. Кога се чувствувате безбедно, вашата креативна, забавна, весела страна возбудено се буди. Ќе се опкружувате со убавина, ќе ги проширите креативните таленти, ќе си дозволите релаксација и уживање. Меѓутоа, бидејќи сè оди како што сакате, мора да внимавате да не претерате во трошењето и слободното време. Венера е владетел на Бикот, па кога е во ретроградна фаза во текот на летото, преиспитајте ги вашите вредности, семејните односи и препознајте што е важно во вашиот живот сега. Оставете ги вашите нови желби да се развијат и уживајте во љубовната среќа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО СЛЕДНИТЕ 7 ГОДИНИ ЌЕ ГИ СЛЕДИ СРЕЌА: Хороскопски знаци на кои им се подготвува период на просперитет

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …