Ова не се случило 350. години и поради тоа 21. декември е најлош ден во годината:Не почнувајте ништо ново!

Како овој месец да не е доволно луд, па и зимската краткоденица ќе биде вистински пекол, благодарение на еден космички инцидент, кој последен пат се случил пред 350 години.
Според зборовите на астролозите 21. декември ќе биде најлош ден во 2017. година.
Годинешнава краткоденица ќе се разликува од претходните, бидејќи по прв пат после 1664. година Сонцето влегува во куќата на Јарецот само неколку часа откако Сатурн ќе ја направи истата промена.
Ова доведува до порамнување на Сонцето и Сатурн што носи многу негативни последици.
„На индивидуален план ваквата промена и паралела може да биде добра, но на микро ниво, никако“ рекол Нил Спенсер.
Тој вели дека на 21. декември се’ што ќе правиме може да ни изгледа потешко од вообичаено, а започнување на нешто ново не се препорачува. Овој ден може да се чувствувате ограничено и принудено на некои работи, но не дозволувајте тоа чувство да влијае врз вашите обврски.
Превземете мерки и не користете изгвори како со недостигот на енергија би ја оправдале мрзеливоста.
Ако треба да решите некој проблем, погрижете се тоа решение да е најдобро за сите, не само за вас.
Експертите од областа на фенг шуи советуваат внимание на 21. декември бидејќи е најпроблематичен ден и било каква активност би требало да се избегнува по секоја цена. Се нагласува дека секоја работа што ќе ја правите утре ќе се одолговлекува и дека многу околности ќе ве успоруваат се’ до јануари наредната година.
Избегнувајте да држите состаноци, да патувате, а се’ додека Меркур е ретограден нема да можеме да се опуштиме. Иако тој на 22. декември се преместува и тргнува по прав пат, неговото ретроградно влијание ќе го чувствуваме уште неколку недели.
Можеби би било најдобро овој ден да го поминете дома со некој добар филм и воопшто да не излегувате надвор како би ги избегнале сите проблеми и компликации кои овој ден ги носи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …