(ФОТО) Најпреплатен глумец во 2017. година по некое чудо не е Џони Деп

Веќе во 2018. година Деп повторно го очекуваме на првото место, од кого веројатно ќе го симне годинешниот победник. Сепак, најлошиот глумец на денешницата не се предава баш лесно…
Иако со години бил убедливо на листата на најпреплатените глумци, по некое чудо Џони Деп не само што изостанал од првото место туку воопшто го нема на листата. Иако таквиот развој на настаните многумина изненадил, треба да се напомене дека Деп оваа година „глумел“ во само два филам, кои биле успешни иако тој се појавил во нив.
Но,веќе во 2018. година го очекуваме повторно на првото место, од кого веројатно ќе го симне годинешниот победник, Марк Валберг. Тој глумец оваа година настапил во неколку филмови, за кои без проблем би можеле да го искористиме зборот „бесмислени“.
А за сите тие филмови Валберг наплатил импресивни хонорари. Така за својот филм „Patriots Day“ глумецот добил неверојатни 68. милиони долари. Со оглед на тоа дека филмот не успеал толку да заработи во цел свет, и тоа ниту бруто, јасно е дека платата била многу неоправдана. Неговиот втор филм во сезоната 2016./2017. „Пекол на Хоризонтот“ имал шанса кај мал дел публика, па едвај успеал да го врати вложеното.
За Валберг на крај може да се спресмета доста низок процент на враќање на вложеното. За секој долар кој ѕвездата го добила за своите филмови, само 4,4 долари се вратиле во продукцијата, и тоа пред данокот.
Треба да се напомене дека исплатливоста се пресметува така што се гледале три филмови во кои ѕвездата глумела во даночниот период во сезоната 2016./2017., значи до крајот на јуни. Предвид не биле земени анимираните филмови ниту оние кои имале малечка дистрибуција или во кои глумецот немал позначајна улога. Откако од заработувачката на филмовите е отстрнета продуцентската пресметка направен е просек на заработувчка и исплати за глумците и така се добиени овие бројки.
Кристиан Беил во чекор го следи Валберг, кој со своите филмови успеал да врати 6,7 долар по секој кој го земал, додека на трето место е Шајнинг Тејтум со 7,6 за секој долар.
Мал шок е четвртиот на листата, а тоа е одличниот Дензел Вашингтон, чии филмови редовно се успешни. Но, Вашингтон глумел во катстрофалниот римејк на „Седумте величествени“, плус во уште неколку филмови кои биле фалени но не биле гледани. Глумецот вратил 10,4 долари по долар, што на прв поглед изгледа добро, но кога ќе се сетиме дека и државата си го сака своето одеднаш бројките и не се толку добри.
Последен на листата е Бред Пит, веднаш зад Дензел Вашингтон, со 11,5 долари по долар. Неговиот филм „Тајна врска“ заработил едвај 120. милиони долари, пред данокот, на висока пресметка од 85. милиони. Јасно, како и со Дензел, така истите проблеми се врзани и за заработувачката на Бред.
Иако Валберг во минатата сезона имал лошо враќање на парите, се очекува дека во оваа би можел да мине многу подобро. „Трансформери:Последниот витез“ и „Тато се врати дома за Божик“ веќе сега солидно заработиле, а глумецот наскоро ни се враќа и во филмот „Сите пари на светот“ кој во кината доаѓа на 25. јануари наредната година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …