Откако земјата се одлучила за либерален пристап на пандемијата – Шведски епидемиолог признал: До 1. мај четвртина од населението ќе биде заразено!

Стапката на смртност не се зголемува, рекол Тегел
„Признавам, имаме доста голем број на смртни случаи од коронавирус“,им рекол шведскиот епидемиолог Андерс Тегел на колегите во Европа, Израел и САД во он-лајн дебатата во Кембриџ дебатното друштво за различни модели на заштита на граѓаните за време на пандемијата.
Тој презентирал податоци за епидемиолошката состојба во неговата земја, оценувајќи дека бројот на заболени е стабилен во последните неколку недели.


„Стапката на смртност не се зголемува. Здравствениот систем функционира, досега повеќе од илјада пациенти се примени во единиците за интензивна нега, некои се отпуштени, а најмалку 20 проценти од капацитетот е сè уште достапен“, рекол Тегел.
На редовната дневна прес-конференција, заменикот на Тегнел, Валенсен презентирал нов матичен модел за проценка на развојот на епидемијата.
„Според најновата анализа, објавена вчера, четвртина од населението на Стокхолм ќе биде заразено до 1 мај“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …