Одењето ги зајакнува коските, мускулите и срцето, но само со одреден број на чекори дневно

Пешачењето не е физичка активност која треба да се потцени, може да го одржи вашето здравје, физички и психички, но и да ви помогне да изгубите тежина.
Кога планираме да го доведеме телото во топ форма, тоа секогаш оди со влегувањето во теретана. Но, дали знаевте дека дури и одењето може да направи големи промени за вашето тело? Стив Стоунхаус, тренер за одење и трчање, истакнува дека одењето не е само кардио вежба.
„Одењето е тренинг со тегови. Дури и ако не држите тегови или ги носите на глуждовите, тоа е вежбање со тегови. Ги добивате сите придобивки од кардио, но вашите мускули исто така имаат корист затоа што треба да ја носите сопствената тежина”, рекол тој.
Тој додава дека само 2.000 чекори дневно може да ви го подобрат животот.

This image has an empty alt attribute; its file name is odenje.jpg


Што ќе се случи ако одите 2000 чекори дневно?
Ги зајакнувате мускулите Иако одењето не е исто што и тренингот за сила, сепак можете да ги вклучите мускулите на целото тело кога одите. Со секој чекор ќе ги вклучите нозете, задникот и сите мускули на долниот дел од телото. Сепак, направете го вашето јадро и рацете да работат, а тоа можете да го направите со правилно држење на телото. Стоунхаус вели дека е важно да се избегне свиткана положба и да се дозволи вашите раце да се нишаат по телото, а не да „пропаѓаат“, туку да ви помогнат да се движите.

Посилните коски реагираат на секое движење што го правите, особено ако тоа вклучува тренинг за сила (или тренинг со тегови), а веќе заклучивме дека одењето е токму тоа. Според Националниот институт за здравје на САД, коскеното ткиво реагира на секое движење и станува посилно секогаш кога вежбате.
Така, секојдневното вежбање, дури и 2000 чекори дневно, може да помогне да се спречи губење на коскената маса со возраста.


This image has an empty alt attribute; its file name is odenje-1-1024x683.jpg

Здрава навика
Пешачењето може да биде одличен начин да се опуштите и да најдете време за себе.
Покрај физичките придобивки, пешачењето ви дава време да размислувате, да слушате музика, да слушате интернет емисии (подкасти) или да разговарате со пријател. Исто така, одлучувањето за пешачење секој ден е основа за градење здрава навика.


Го подобрувате здравјето на кардиореспираторниот систем
Пешачењето го зголемува пулсот, што е одлично за здравјето на вашиот кардиореспираторен систем. Секогаш кога се движите, вашето тело мора да пумпа крв и течност низ вашето тело, што му дава поттик на вашето тело и мозок. Ние секако ве охрабруваме да го правите тоа како што сакате бидејќи тоа ќе ви го зајакне срцето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Утре на повеќе места врнежи и грмежи – Локално се очекуваат и поинтензивни Атмосферски процеси, во форма на невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, утре (четврток 2.5.2024) …