Актерката од серијата на Нетфликс, Буси Лорај, „Како да го уништите Божиќ“ ненадејно починала на 36-годишна возраст, пишува Independent.
Веста за трагедијата ја пренесува агенцијата Aj Media Artists, а во публикацијата се нагласува дека причината за смртта е непозната.
„Со голема тага ве известуваме дека нашата драга Буси Лорај почина. Таа ненадејно почина во својот дом, а лекарите ја констатираа смртта во неделата на 10. јули“, се вели во соопштението. Според агенцијата, се чекаат резултатите од обдукцијата.
View this post on Instagram
Буси Лорај ја играше Туми Село во споменатата серија. Првата сезона од серијата беше емитувана во 2020. година, а втората на крајот на минатата година.
Фото: Принтскрин/Instagram