Од утре со новата опција „Video“ на Македонски Телеком гледајте неограничено : YouTube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон

За корисниците на новите Smart и Magenta 1 M тарифи

Македонски Телеком на своите Smart и Magenta 1 корисници им нуди нова опција VIDEO со која ќе може неограничено да гледаат видео содржини од Youtube, Netflix, HBO GO и MaxTV GO на својот смартфон, без притоа да трошат од мобилниот интернет вклучен во претплатата.
Опцијата Video е за сите оние кои не можат да се разделат од најновите хитови на Youtube каналите на светските музички ѕвезди, оние кои сакаат да ги следат најгледаните ТВ серии на Netflix и HBO GO, како и сите оние кои сакаат да се информираат преку содржините на MaxTV GО.
За да може да ги гледате содржините на Netflix, HBO GO и MaxTV GO потребно е да сте регистриран корисник на овие стриминг сервиси. Услугата не го троши мобилниот инернет вклучен во пакетот, но потребно е да имате мобилен интернет за да може да функционира.
За оваа опција не ви се потребни инсталации и ажурирања на смартфонот, и функционира без разлика на типот на мобилниот уред или оперативниот систем.
Месечната цена за опција Videо е 99 денари во Smart и Magenta 1 M, додека за корисниците на Smart и Magenta 1 L опцијата е достапна за 0 денари.
Опцијата Videо се активира со повик кон 122 или во Телеком продавниците. Услугата е комерцијално достапна од утре, 18 април.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …