(ФОТО) Познатиот холивудски убавец на 54. години првпат станал татко!

Сега и неговата куќа е полна…
Холивудскиот убавец, Џон Стамос, познат и’ како згодниот вујко Џеси од хумористичната серија „Полна куќа“, го добил своето прво дете.На 54. годишниот глумец синот му го родила 32. годишната глумица, писателка и манекенка, Кејтлин МекХју, со која се оженил порано оваа година.


„Добре дојде Били Стамос (наречен по мојот татко)“, напишал Џон Стамос во описот на својата фотографија на Инстаграм со која синот и го претставил на јавноста.
Глумецот, за магазинот „People“ кон крајот на минатата година открил дека го чека своето прво дете,а тогаш признал и дека отсекогаш сакал да стане татко, но чекал да наиде онаа „вистинската“.

Со Кејтлин веднаш “кликнал“, а ги поврзувале истите ставови и животни вредности и кога сфатиле дека им е убаво заедно, еден на друг си рекле „Сега би можеле да имаме семејство“, раскажал Џон кој својата сопруга ја запросил во октомври минатата година и тоа јавно, во забавниот парк „Дизниленд“.

Стамос зад себе има еден пропаднат брак, без деца, со глуицата Ребека Ромијн од која се развел во 2005. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …