Објавено е интересно истражување: Зошто некои луѓе се природно отпорни на короната?

СТУДИЈА на парови во кои двајцата партнери биле изложени на коронавирус, но само едно лице било заразено, помага да се расветли зошто некои луѓе се природно отпорни на вирусот.
Научниците веруваат дека ваквите случаи се ретки, но повикот за волонтери што одговараат на тој профил резултирал со одговор од приближно илјада парови.
На крајот, примероци на крв за детална анализа биле земени од 86 парови.
Гените придонесуваат за активирање на т.н. „клетки на природни убијци“
Резултатите сугерираат дека отпорните партнери имаат поголема веројатност да имаат гени кои придонесуваат за поефикасно активирање на таканаречените клетки на природни убијци (NK), кои се дел од првичниот одговор на имунолошкиот систем на бактерии.


Кога NK се правилно активирани, тие можат да ги препознаат и уништат заразените клетки, спречувајќи го развојот на болеста, објаснуваат научниците во трудот објавен во списанието Frontiers in Immunology.
„Оваа студија не може да докаже дека ова се случува“
„Нашата хипотеза е дека геномските варијанти што најчесто се наоѓаат кај брачниот другар подложни на инфекција, доведуваат до производство на молекули кои го инхибираат активирањето на NK“, рекла водачката на студијата Мајана Зац од Универзитетот во Сао Паоло во Бразил.
Но, оваа студија не може да докаже дека тоа се случува, додала таа.
Дури и ако тој заклучок се потврди со повеќе истражувања, треба да се испита придонесот или влијанието на другите имунолошки механизми, велат научниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Младиот чорбаџија“ – Едукативна претстава за најмалите

Во понеделник, 13 мај 2024 година во 18:00 часот, во малата сала на НУЦК Трајко …